Инстинктивно одговорив: Не, ние Македонците се служиме со говорот на телото! Се разбира, јас се извинив за напрасната реакција, а колегата за неумесното прашање, односно неинформираноста, пишува Силјановска.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 октомври, 2019 15:44

Силјановска: Наше право е да бидеме македонски народ, да се идентификуваме како Македонци

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во својата најнова колумна за Експрес.мк професорката Гордана Силјановска Давкова напиша дека пред неколку години била фрапирана од прашањето на еден нејзин колега од Шпанија, кој среде Советот на Европа ја запрашал: Има ли македонски јазик, Гордана?.

Наше право е да бидеме македонски народ, да се идентификуваме како македонска нација, да се гордееме со македонската историја И култура, да го негуваме прекрасниот македонски јазик на кој пишувале и пееле славни писатели и поети, се образувале многу генерации, со страст го учеле немакедонци, јазични експерти тврделе и тврдат дека е посебен, милозвучен и мелодичен, дека пее и се смее кога се говори.

Инстинктивно одговорив: Не, ние Македонците се служиме со говорот на телото! Се разбира, јас се извинив за напрасната реакција, а колегата за неумесното прашање, односно неинформираноста, пишува Силјановска.

Пред неколку години, ме стопли коментарот на непознат слушател на бурниот, драмски дијалог мегу мене и Мимоза низ ходниците на Советот на Европа: на кој јазик зборувате, не праша господинот кој излезе од една од салите.На македонски , одговоривме.Прекрасно звучи, како мелодија е, коментираше тој, претставувајки се како експерт кој претседава со меѓународната конференција за јазиците.Пресреќна, се вратив во мислите во далечното осмо одделение, кога како првенка на “Јан Амос Коменски”, со Павлина и други најдобри ученици од Македонија, заминавме на наградно летување во малиот Шмихел, кај Ново Место во Словенија, на дружба со првенци од другите републики.

Целиот текст прочитајте го на Експрес.мк или ТУКА.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика