Не верувам во тоа бидејќи не може да функционира тоа на таков начин, рече Гордана Силјановска Давкова.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 декември, 2019 9:04

Силјановска: Не верувам дека “Рекет” е приказна само на Катица Јанева и Боки 13

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во вчерашното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21, професорката Гордана Силјановска Давкова рече дека во неколку наврати кажала јавно дека не верува во тоа дека случајот Рекет е персонална приказна врзана само за Катица Јанева и Бојан 13,

(15 јуни 2019) на граничен премин со Грција беше уапсен  Бојан Јовановски познат како Боки 13, а во Скопје уапсен е Зоран Милевски (Кичеец). Двајцата се ставени во притвор, а на Катица Јанева истата вечер одземен ѝ е едниот телефон.

Не верувам во тоа бидејќи не може да функционира тоа на таков начин, рече Гордана Силјановска Давкова.

Не верувам дека туку така некој бизнисмени биле уценувани и не верувам дека само тие се уценувани, дури си мислам и дека можеби уцени имало и за луѓе од естрадата бидејќи такви работи гледавме навредливи. Она што ме шокира е тоа што телевизијата 1ТВ наликуваше на квази суд, таму цело време не бомбардираа во „инсајдер“ дека никој не е допирлив, документи дури и личности споменуваа и сите се прашуваа како може сиве овие материјали да бидат во една телевизија, значи мора да има некоја спрега. Не ми личи мене дека Катица Јанева дека може таков перфектен систем да креира на рекетирање, вели Силјановска.

Професорката истакна дека до последен момент имаше и луѓе од власта вклучувајќи го и премиерот кој ја бранеа Катица Јанева.

-Не заборавајте дека Катица дојде во притвор после убаво поминатиот одмор, додава Силјановска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести