Како правник и како професор по право ќе го користам новото име, но лично не, изјави Силјановска.

Објавил: Перо Милчин | 5 мај, 2019 19:44

СИЛЈАНОВСКА: „Не значи дека ако во Уставот е нешто напишано, дека јас морам тoa да го употребам”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова денеска гласаше во Основното училиште „Коле Неделковски“. 

Силјановска изјави дека како правник и професор по право ќе го користи новото име, но лично не. Таа рече дека не значи дека ако во Уставот е нешто напишано така дека ќе мора тоа да го употребува.

Давкова изјави дека новото име сега се користи во нашите институции и таа официјално ќе го почитува, но нема да го користи и ќе даде се од себе во иднина да покаже дека процедурите и Договорот од Преспа имаат неколку проблеми со нашите и меѓународните закони.

Мислам дека таргетот на кој се концентрирав, односно групите граѓани за кои мислев дека треба да се инспирираат или да им се разјаснат дилемите дали да излезат или не дека успешно го завршив и денов почна како со зима, тоа е политичката зима во Македонија, мислам дека ќе заврши со сонце на крај, рече Силјановска.

Новото име сега се користи во нашите институции и јас официјално ќе го почитувам, но нема да го користам и ќе дадам се од себе во иднина да покажам дека процедурите и Договорот од Преспа имаат неколку проблеми со нашите и меѓународните закони. Како правник и како професор по право ќе го користам новото име, но лично не, изјави Силјановска.

 – Не значи дека ако во Уставот е нешто напишано така дека јас морам тоа да го употребувам. Јас можам лично да го употребувам името Македонија. Морам да потпишувам документи, морам да го почитувам тоа име на згради, или во меѓународни односи, но не морам да го употребувам и не би го употребувала и за тоа не постои уставна или правна одговорност, изјави Силјановска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика