Ние, Македонците, не сме поинакви од другите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 октомври, 2019 12:50

Силјановска: Ние, Македонците, не сме поинакви од другите,имаме право на своја нација

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Професорката Гордана Силјановка Давкова на својот Фејсбук профил објави  честитка по повод денешниот празник 23 октомври, Ден на македонската револуционерна борба, упати порака до македонскиот народ каде посочи дека право е да бидеме македонски народ, да се идентификуваме како македонска нација, да се гордееме со македонската историја и култура, да го негуваме прекрасниот македонски јазик.

Професорката Силјановска со честитка по повод денешниот празник

Ние, Македонците, не сме поинакви од другите.

Ако нацијата е имагинарна заедница, имагинарноста не важи само за нас, ами за сите нации. Ако тие настанале во 19 и 20 век, тогаш и ние се вклопуваме во оваа тенденција.

Наше право е да бидеме македонски народ, да се идентификуваме како македонска нација, да се гордееме со македонската историја И култура, да го негуваме прекрасниот македонски јазик на кој пишувале и пееле славни писатели и поети, се образувале многу генерации, со страст го учеле немакедонци, јазични експерти тврделе и тврдат дека е посебен, милозвучен и мелодичен, дека пее и се смее кога се говори.

Никој, заради ниту една цел, без оглед со каков ореол е закитена, нема право да не обезнародува, обезличува и обезименува.

Немало друга модерна македонска нација, македонска држава, ниту друг македонски јазик! Секој народ има право на историја по свое, па и ние.

Честит празник, стои во честитката на Силјановска Давкова.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...