Двајцата претседателски кандидати во Охрид

Објавил: Узунов Бобан | 17 март, 2019 17:52

Силјановска од Охрид: Ќе бидам претседател на страна на народот

Фото/Текст извор: ©магазин

Претседателската кандидатка, Гордана Силјановска-Давкова денеска оствари средба со граѓаните на Охрид.

Како што информираат од нејзиниот штаб, таа го посетила манастирот Св. Петка во Велгошти каде се сретнала со локалното население и службата на манастирот.

Силјановска остварила средба и со мештаните од Лескоец при што разговарале за нивните проблеми, особено во поглед на урбанизмот и екологијата. 

„Мора заедно да се охрабриме и да се бориме против ненародната влада која покажува негрижа за сопствените граѓани во сите сфери. Ветувам дека како претседателка ќе се залагам за истакнување на сите проблеми со кои се соочуваат граѓаните и дека секогаш ќе бидам на страната на народот“, рекла Силјановска на средбите со жителите од Охридско.

Во овие посети, Силјановска била придружувана од кандидатот за градоначалник на Охрид, Митре Милошевски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, како и членот на ИК, Кирил Пецаков.

Денеска во посета на општина Охрид беше и нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски. Иако, изборната кампања официјално сеуште не е започната, кандидатие остваруваат интенизвни средби со граѓаните.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести