Таа во постот на Фејсбук потсетува дека сегаевистинско време да се сплотат политичките партии но и народот, бидејќи сега не е време за поделба.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 март, 2020 10:28

Силјановска: Сега не е време за поделба, да ги послушаме советите на стручните и одговорни лица!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Професорката Гордана Силјановска Давкова, на својот Фејсбук профил се огласи во врска со ситуацијата со Коронавирусот во земјава.

Таа во постот на Фејсбук потсетува дека сега е вистинско време да се сплотат политичките партии но и народот, бидејќи сега не е време за поделба.

Не е време за политизација и за поделби на “наши” или “ваши”.

Не е време за херојство со тоа што ќе се изложуваме себеси или останатите на ризик. Херои се нашите пријатели лекари, медицински персонал, полицијата, армијата и сите оние кои деноноќно работат за надминување на кризата. Тие работат по 12-15 часа на ден и се под огромен психички и физички стрес.

Силјановска апелира до народот да се случаат апелите од стручните лица.

Да им помогнеме со добар збор но и со одговорно однесување. Време е да ги послушаме советите на стручните и одговорни лица и препораките на надлежните институции, апелира Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова, носител на листата во ИЕ1 од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести