Гордана Силјановска Давкова на митингот во општина Бутел, изјави дека владеачката партија до сега би требала да се измори само со нагласување и повторување на зборовите ЕУ и НАТО.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 април, 2019 19:43

Силјановска со порака до народот: „Власта живее како во Брисел, ама народот живее како во Африка“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО, Гордана Силјановска Давкова, вечерва, со почеток во 18 и 30 го започна големиот митинг во општина Бутел. Таа пред бутелчани истакна дека за неа оваа средба е од особено значење.

Ние имаме обврска да укажуваме на тоа односите на меѓународната сцена се менуваат, се јавуваат проблеми седнуваат лица и усогласуваат историја и тоа под капата на МНР, тоа е проблематично. Сте чуле ли за вакво нешто во друга држава. За ова може да се дебатира на универзитети, а не под капата на политиката, вели Силјановска за Алфа телевизија.

Оваа средба за мене е многу важна, за сите нас е многу важна, зошто е премиерата пред 21 април, кога треба финалната средба да ја оддржиме, а таа да значи финална победа и вовед во уште една друга победа- на претседателската да се надоврзе и онаа на парламентарните избори за да може тогаш ние да покажеме како се водат евро-атлантски процеси и интеграции.

Гордана Силјановска Давкова на митингот во општина Бутел, изјави дека владеачката партија до сега би требала да се измори само со нагласување и повторување на зборовите ЕУ и НАТО.

-Како не се изморија од повторување, ЕУ, НАТО, но тоа се само зборови за нив, реторика, зад овие зборови нема никаква содржина, никаква суштина и тоа наскоро ќе го чујат, рече Силјановска пред бутелчани и додаде: „Срамота е цели за кои велат дека се највисоки како ЕУ и НАТО, да ги употребуваат како алиби за својата егзистенција, а таа е различна од вашата егзистенција, од егзистенцијата на народот. Зошто да, тие живеат како во Брисел ако го споредуваме нивниот стандард, ама народот живее како во Африка. Тоа ние ќе го смениме“.

Инаку Силјановска Давкова денеска беше гостин на телевизија Алфа, каде изјави дека не може СДСМ, да ја обвинува дека таа е против ЕУ и НАТО, бидејќи таа предава и европско уставно право, и е  во многу европски институции уште од деведесеттите, а тие пак се дел од ЕУ.

-Мислев, ако можат Грците да ги соберат врвните експерти, пеесеттина-шеесет, зошто да не можеме и ние, така се собравме и ние. Тоа што го анализарав и го напишав. Дека Договорот е асиметричен отворено кажувам. Кажувам и за проблемите. Како на пример, крајно е проблематично дека многу права, како право на самоопределување, немешање во внатрешни работи, потоа до почитување на културни и едентитестки права.., се прекшени. Така во духот на компромисот јас кога велам дека меѓународниот пореседок е заснован на анархична основа, јасно ми е и дека одиме кон ЕУ, а таму има суд, има задолжително меѓународно право и тоа не можам да го негирам, посочува Силјановска, во гостувањето на Алфа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести