Професор Силјановска овој пат не го споделува својот личен став, туку се повикува на одредби од Кривичниот Законик на Република Македонија

Објавил: Мирко Бачиќ | 5 септември, 2018 6:48

Силјановска: Учеството на Европската Комисија во референдумот е незаконско

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Професорката Гордана Силјановска Давкова вели дека учеството на Европската комисија која официјално е дел од кампањата за референдумот, е спротивно на македонските закони.

“Изборниот законик врз основа на кој се води кампањата за референдумот забранува финансирање на изборна кампања од странски извори”, изјави Силјановска. 

Професорката смета дека сега власта прави инверзија и наместо да се потпира на мислењето на граѓаните тврди дека храбри политичари треба да преземат одговорност и сами да носат одлуки во име на граѓаните.

За Силјановска тоа е спротивно на европските трендови каде се оди на поблизок контакт со граѓаните и повисоко ниво на непосредна демократија.

Според неа погрешно е да се упатува порака дека ако референдумот пропадне владата пак ќе донесе решение според своите ставови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.