Кандидатката повикува на излезнеост во вториот круг

Објавил: admin@magazin | 26 април, 2019 14:34

Силјановска: Ја разбирам разочараноста, но неизлегувањето не е решение

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По свое ќе делувам, нема да бидам ни 101 ни 102 проценти на тој што ме поддржал, туку ќе бидам 100 проценти своја“, напиша кандидатката за претседател, Гордана Силјановска-Давкова, споделувајќи на нејзиниот профил на „Фејсбук“ две видео обраќања кон оние кои ги бојкотираат изборите.

Таа изјави дека ја разбира разочараноста, меѓутоа смета дека таа не води кон решение.

Свесна сум дека сама колку и да сте умешни не можете да направите ништо на избори. Би прошетала како политичка манекенка, но не ми е целта да бидам изборен егзибиционист туку сакам нешто да сменам. Затоа сум подготвена на улица, плоштад во парк со сите кои бојкотираа или имаат дилеми, да разговарам за овие прашања“, рече Силјановска.

Ќе бојкотирате еднаш, два пати, три пати, ќе стане претседателот на Собранието претседател на државата, ама без изборен легитимитет и што потоа?“, рече Силјановска и додаде дека и неа ја боли промената на името, меѓутоа Уставот е сменет, па затоа ќе се обиде да делува одвнатре и во соласност со меѓународното право.

Со неизлегувањето на изборите, рече Сиљановска, дилемите ќе се продлабочат. Ќе се заблагодарам на сите кои ме поддржале, но потоа ќе речам јас имам пет години пред мене.

Тоа што сум го критикувала и го знам да го спроведам“, додаде Силјановска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести