Граѓаните на Скопје, родниот Охрид, Тетово, Прилеп и Кавадарци денес масовно се потпишуваат за поддршка на Гордана Силјановска

Објавил: Македонка Димкин | 23 февруари, 2019 17:52

Силјаноска само за два три часа со повеќе од 14`000 потписи!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Актуелниот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова за само неколку часа откако почна граѓанската поддршка за претседателската кандидатура собра повеќе од 14.000 потписи.  Тоа е бројка што е повеќе и од  доволно за охриѓанката Силјановска уште во понеделник да ја извести Државната Иборн Комисија дека се собрани потребните 10.000 потписи од граѓани за поддршка за кандидатурата на претседателските избори.

Претходно вчера таа на својот Фејсбук профил напиша:
„Како што ветив во Струга, Ве известувам дека формално ја информирав Државната Изборна Комисија за започнување на процесот на собирање на најмалку 10 илјади потписи за претседателската кандидатура Од утре сите вие што мислите дека е време во Македонија да започнат суштински промени на подобро, на 46 локации низ цела Македонија ќе може да ги дадете вашите потписи. Време е без разлика на партиската, етничката, половата, старосната структура да се обединиме и да ја вратиме Македонија во нормала Во текот на денот дополнително ќе бидете информирани за точните локации, процедури и потребни документи“, информираше Силјановска.

Со ова професорката Силјановска освен  подршката од ВМРО-ДПМНЕ, се стекна додатно со право на кандидат за претседател и од потписите на 10.000 граѓани а таа актуелно е и  најсериозен канидат кој ги преминува меѓупартиските линии или што би рекла власта консензуален кандидат

Граѓаните на Скопје, родниот Охрид, Тетово, Прилеп и Кавадарци денес масовно се потпишуваат за поддршка на Гордана Силјановска и гордо поставуваат еден селфи на фесјбук како доказ како и што посака самата Силјановска

Професорката не мораше да собира потписи, бидејќи ја има поддршката од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, но уште на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ во Струга рече дека ќе ги собира овие потписи за да испрати порака на како што рече натпартиски граѓански кандидат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести