Ќе се разреши ли Рекет ?

Објавил: Узунов Бобан | 2 септември, 2019 11:37

Силјан Мицевски на распит за Рекет: Ќе си ги барам парите назад !

Фото/Текст извор: ©магазин

Бизнисменот Силјан Мицевски, кој е на распит кај Русковска, рече дека по втор пат дава исказ за случајот „Рекет”. Тој во изјава за медиумите рече дека парите ги уплатил на сметка на „Меѓународен сојуз“, чиј прв човек е Боки 13, а не кај пензионерката Лилјана Тодоровска од Скопје.

„Ги уплатив на „Меѓународен сојуз“, не на пензионерката”, рече Мицевски пред да влезе на распит и порача дека ќе ги бара парите назад.

Мицевски ќе треба да објасни кој барал од него 720 илјади евра, за која намена и дали парите се уплатени кај пензионерката или кај сојузот на Боки 13.

Тодоровска сведочеше во Обвинителството за организиран криминал пред 10-дена. Претходно, изјави дека парите кои Мицевски ги уплатил на нејзината сметка ги подигнала во кеш, а потоа ги дала на друго лице од сојузот на Боки 13, но не кажа за кого станува збор.

Претходно, на распит кај обвинителката Русковска беше водителката Лила Филиповска.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести