Во конкуренција од 14 пејачи од 5 балкански држави, Симеон ја изведе песната Најмила, комплетно дело на Владимир Дојчиновски, со која неодамна доби награда за најдобар дебитант на Охридфест.

Објавил: admin@magazin | 13 мај, 2018 22:53

Симеон Коруноски победи на Меѓународниот фестивал „Златен костен“ во Петрич – Бугарија

Фото/Текст извор: ©Keystone

Грандиозната сцена го осветли небото на Петрич на 23-тото издание на Меѓународниот фестивал за нови песни „Златен Костен“ во Бугарија. Преполниот аудиториум со млада публика која едвај беше спречена да се качи на самата сцена, беше вистинско уживање за младиот пејач Симеон Коруноски, кои подеднакво ги освои симпатиите на публиката и жири комисијата кои му ја доделија Првата награда.

Во конкуренција од 14 пејачи од 5 балкански држави, Симеон ја изведе песната Најмила, комплетно дело на Владимир Дојчиновски, со која неодамна доби награда за најдобар дебитант на Охридфест.

Меѓу присутните на финалната вечер беше и бугарската ѕвезда Гери Никол која не ги криеше своите симпатии кон Симеон.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Светски познатиот џез музичар, охриѓанецот Владимир Четкар, денеска го промовираше својот нов сингл „A new day“ за кој сними и спот – во Охрид.

Светскиот а наш музички Амбасадор со нов СИНГЛ и нов спот по Охридската калдрма

Џезерот танцува по калдрмата: Владимир Четкар има нов сингл, а спотот отвора прозорче...