Поради недостиг на попишувачи, Владата донела одлука, доколку ДЗС има потреба од повеќе попишувачи, на располагање ќе ги има вработените во државните институции.

Објавил: Владо Марин | 26 август, 2021 7:42

Симовски: Подготвени сме да почнеме со пописот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк/Фото: МИА

Остануваат уште 10 дена до почеток на процесот на попишување, а вчера завршува последниот рок за регионални попишувачи.

Поради недостиг на попишувачи, Владата донела одлука, доколку ДЗС има потреба од повеќе попишувачи, на располагање ќе ги има вработените во државните институции.

Поради зголемениот број на заразени со Ковид 19, дали ќе може да се измени методологијата на попис и да се разгледа предлогот на македонската опозиција за онлајн попис? Симовски рече дека такво нешто не доаѓа предвид.

Симовски вели дека се подготвени за почеток на статистичката операција, додаде дека сите комисии се подготвени а својата работа и дека во моментов се одржуваат обуките на регионалните инструктори, додека за неколку дена ќе почнат и обуките за попишувачите, пренесе Тв 21.

Пописот на населението ќе почне на 5 септември и ќе трае до крајот на септември. И натаму продолжува пописот на дијаспората.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.