Халеп после само 11 минути игра водеше со 4:0. Финалето поради овој маестрален настап на Халеп и лошо издание на Серена траеше само 56 минути.

Објавил: Перо Милчин | 13 јули, 2019 18:19

Симона Халеп ја растури Вилијамс и го освои првиот трофеј на ВИМБОЛДОН!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Симона Халеп е нова шампионка на Вимблдон!

Симона Халеп денес со 2:0 во сетови ја победи Серена Вилијамс со 6:2, 6:2. Серена конечно успеа да го доби својот прв хем, но седмата тенисерка на светот го освои сетот со 6:2.

Во вториот сет Серена Вилијамс играше подобро и одржуваше добро темпо до 2:2, но Халеп потоа направи брејк и поведе со 4:2.

После тоа следуваше уште еден брејк и Халеп сервираше за меч и во тој сет го потврди брејкот така што не и дозволи на Вилијамс да освои ниту еден поен.

Симона Халеп после само 11 минути игра поведе со 4:0. Финалето поради овој фантастичен настап на Халеп и лошо издание на Серена траеше само 56 минути.

За Симона Халеп по титулата на Роналд Гарос ова е вториот трофеј од Грен слем турнирите. Серена Вилијамс попладнево не успеа да го подигне својот осми пехар во Вимблдон.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Тенис