Целта на вежбата беше да се провери нивото на обученост на персоналот за справување со последици од пожар и земјотрес, евакуација по настаната штета, како и подготвеноста за взаемното делување со останати надворешни субјекти од системот за заштита и спасување!

Објавил: Владо Марин | 6 септември, 2020 21:59

СИМУЛАЦИСКА ВЕЖБА ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“: СПРАВУВАЊЕ СО ЗЕМЈОТРЕС И ПОЖАР ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА СО КОРОНАВИРУС

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се одржа симулациска вежба на тема “Згрижување и евакуација на болни, повредени, посетители и персонал на безбедно место, прва медицинска помош и противпожарна заштита при земјотрес во услови на пандемија со СОVID -19.“

Целта на вежбата беше да се провери нивото на обученост на персоналот за справување со последици од пожар и земјотрес, евакуација по настаната штета, како и подготвеноста за взаемното делување со останати надворешни субјекти од системот за заштита и спасување.

Вежбата беше успешно изведена, во согласност со стандардите за постапување во  услови на вонредни состојбии и сите препорачани протоколи за превенција и заштита во услови на пандемија со коронавирусот во болнички услови, како и според  упатството за постапка и делување со преземање на заштитини мерки со COVID-19 на републичките сили за заштита и спасување и тимовите за брз одговор, просторните сили за време на нивно ангажирање во услови на мир и вонредна состојба, обука, тренинг и вежби.

IMG
 

Целокупната вежба и евакуација на СОVID пациенти се изведе со соодветна заштитна облека, согласно стандардите за управување со лични мерки за заштита во услови на пандемија со COVID-19  за медицински лица (скафандери, заштитни маски, респиратор маски, заштитни капи, заштитни ракавици, заштитен визир и друго), како и лична заштитна опрема за немедицинските лица согласно стандардите на болницата.

Евакуираните пациенти со Ковид-19 беа сместени во посебен шатор (СИНА зона) на безбедно растојание од останатите шатори од тријажната зона, обезбеден со строго контролиран пристап.

„Вработените одговорија на предизвикот и можеме да потврдиме дека вежбата помина одлично. Ова е веќе осма година како спроведуваме симулациски вежби и благодарение на досегашното искуство потврдуваме дека опремата што ја имаме и обученоста на персоналот даваат гаранција за успешно справување при евентуално настаната вонредна состојба.

IMG
 Годинава, вежбата е специфична и комплексна, по тоа што се изведува во услови на пандемија со коронавирус, што претставуваше уште еден предизвик при самата организација и реализација на вежбата.
Внимававме на секоја поединост со цел да бидат запазени сите безбедносни мерки“ изјавија Милена Буџаровска, менаџер за квалитет и  Марјанчо Јаневски,  командир на единицата за заштита и спасување во „Аџибадем Систина“!

Во вежбата беа вклучени над 150 вработени од болницата, а се спроведе со учество на екипи на Дирекцијата за заштита и спасување и единица на противпожарната екипа на град Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...

Според документите, мајката на екс економскиот директор на клиниката била заведена со дијагноза рак на бели дробови, за подоцна во истиот тој систем да заврши со дијагноза анемија.

Мајката на екс економскиот директор на Онкологија во систем била заведена со дијагноза рак на бели дробови, иако не била онколошки пациент

Мајката на поранешниот организациски директор на скопската Клиника за онкологија,...