Неговата мајка Дора Бакојани во 2002 година стана првата жена градоначалничка на Атина, и на таа функција беше домаќин на летните Олимписки игри во 2004 година.

Објавил: Перо Милчин | 3 јуни, 2019 10:27

Синот на Дора Бакојани е новиот градоначалник на АТИНА!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Во неделата министерството за внатрешни работи од Грција, соопшти дека кандидатот од најголемата опозициска партија Нова демократија, Костас Бакојани, е новиот градоначалник на грчката престолнина Атина.

Костас Бакојани, според податоците по 98 отсто обработениот изборен материјал, освоил 65,3 отсто од гласовите, додека неговиот главен ривал, кандидатот од владејачката коалиција на радикалната левица Сириза, Атанасиос (Нанос) Илиопулос, освоил 34,7 отсто од гласовите.

Костас беше исто така градоначалник на градот Карпениси, а од 2014 година беше гувернер на регионот Централна Грција. Костас е син на пратеничката на Нова демократија, поранешна шефица на грчката дипломатија Дора Бакојани и внук на поранешниот премиер Константиност Мицотакис (1918-2017).

Дора Бакојани е поранешен градоначалник на Атина.

Таа е првата жена градоначалник на Атина во историјата на градот, единствената жена избрана за градоначалник на грчки главен град, и исто така прва жена која работела како министер за надворешни работи на Грција, највисоката позиција на која се нашла грчка политичарка досега.

Бакојани е ќерка на поранешниот премиер на Грција, Константин Мицотакис. На 29 март 2002, Костас Караманлис, барајќи начин да ја прикаже растечката моќ на неговата партија во однос на ПАСОК на локалните избори, ја избрал Бакојани за кандидат за градоначалник на Атина.

Таа водела пред големиот број на кандидати, но не успеала да победи во првиот круг, па била избрана за прва жена градоначалник на Атина во 3,5-милениумската историја на градот, поразувајќи го нејзиниот социјалистички противник Христос Папуцис во вториот круг, освојуваjќи 60,6% од гласовите.
Како градоначалник, Бакојани била во многу голема мера вклучена во организирањето на Летните олимписки игри во 2004. Таа го предала олимпиското знаме на градоначалникот на Пекинг, а воедно била и првата жена градоначалник на град-домаќин на Олимписките игри.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.