Oд ЕЛЕМ тврдат дека не постојат никакви нерегуларности во врска со вработувањето на Виктор Стојчевски

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 март, 2019 18:35

Синот на Мира бил регуларно вработен, имал најсоодветно образование за работното место?

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Откако утринава беше објавена веста дека вработувањето на синот на пратеничката Мира Стојчевска во АД ЕЛЕМ е пред официјално прогласување за неправилно од страна на Комисијата за спречување на корупција, следува контра од ЕЛЕМ.

Симбол на непотизам на актуелната власт стана пратеничката Мира Стојчевска Дизел која ги вработи синот и братот, а го унапреди сопругот. Ваквите случаи не останаа незабележани и од меѓународната заедница, а секојдневно опозицијата открива нови случаи на непотизам од актуелната власт.

Сепак од ЕЛЕМ тврдат дека не постојат никакви нерегуларности во врска со вработувањето на Виктор Стојчевски, бидејќи како што тврдат од компанијата, бил отворен јавен оглас во кој се барал приправник, односно работник за почетничко место. На овој оглас се пријавиле уште двајца кандидати, но од сите тројца Виктор имал најсоодветно образование, а другите двајца кандидати биле со машински и електро-технички факултетет. За ова работно место се барало помлад кадар, кој има работно искуство од две години. Другите двајца кандидати имале работно искуство од 10 и 20 години, што во конкретниот случај не соодветствувало на определбата на ЕЛЕМ.

Во соопштението на ЕЛЕМ, стои дека не бил вршен никаков притисок по однос на конкурсот за ова работно место.

Инау претходно Комисијата за спречување на корупција утврди неправилност при вработувањето на синот на пратеничката Мира Стојчевска, кој не ги исполнил условите што биле предвидени со конкурсот за вработување.

Неправилности имало и кај дел од вработувањата на другите роднини на функционери. Според најавата, овие предмети треба да бидат целосно завршени следната недела.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Непотизам

Град Скопје ги потсетува граѓаните дела е во тек јавниот повик за доделување стипендии на средношколци со попречености, ученици во средните училишта на Град Скопје за учебната 2020/2021 година.

ВО ТЕК Е ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ НА СРЕДНОШКОЛЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТИ

ВО ТЕК Е ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ НА СРЕДНОШКОЛЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТИ! Град...

Како што иформираат тамошните медиуми, дваесет и петгодишниот Сејнур Бекири, по потекло од Македонија загина кога автомобилот во кој се возел излетал од патот и се забил во дрво, вчера вечерта во местото Кастиџано, кај Анкона во Италија.

ТРАГЕДИЈА: Момче од Македонија загина во сообраќајка во Италија

Трагедија на патиштата во Италија, загина македонски државјанин на местото Кастиџано. Како...