Па оттука твитерџиите поставија прашање дали во овој случај не се работи за злоупотреба на деца во политиката?

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 април, 2019 10:58

Синот на Стево Пендаровски во училиште делел маички и пропаганден материјал?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера на социјалната мрежа Твитер осамна фотографија, на која се гледа како синот на Пендаровски заедно со свои другари, се облечени во маички со слоганот на СДСМ, за престојните претседателски избори Заедно Напред.

Синот на Пендаровски делелл маички “Заедно Напред”

Па оттука твитерџиите поставија прашање дали во овој случај не се работи за злоупотреба на деца во политиката?

Денес синот на Стево Пендаровски во училиште делел маички и друг пропаганден материјал, нели ова е злоупотреба на деца?,стои над фотографијата поставена на Твитер.

Инаку пред само неколку дена од  ЦИВИЛ – Центарот за слобода беше констатирано дека политичката злоупотреба на децата продолжува и натаму. Од таму беше посочено дека во поседниот период пред изборите, најчесто во првите редови на митинзите можеа да се забележат деца, и истите беа прикажувани во видео снимки, пропагандни спотови и фотографии што се објавуваат на социјалните мрежи и во медиумите иако постојат јасни домашни и меѓународни закони кои таквата злоупотреба ја забрануваат. ЦИВИЛ според член 12, став 4 од Законот за заштита на децата, каде се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување, остро ја осудува злоупотребата на децата и малолетниците во политички и изборни цели.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.