Грозоморно тројно убиство во Дебар за кој сеуште не се јасни мотивите

Објавил: Мирко Бачиќ | 27 август, 2018 10:08

Синоќа убиени татко – мајка и нивната малолетна ќерка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во Дебар синоќа се случи тројно убиство. Смртно се застрелани маж  неговата сопруга и нивната малолетна ќерка.

Полициската станица од општа надлежност во Дебар за настанот добила дојава од граѓанин по што била известена Општата болница.

Екипа на итната медицинска помош веднаш приситгнала но за жал лекарот само констатирал смрт.

Мотивите за тројното убиство се непознати.

Поради тежината на кривичното дело тоа е под надлежност на јавното обвинителство од Гостивар.

Од Секторот за внатрешни работи од Охрид информации за случајот најавија во текот на денов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести