Потпретседателот на Европската комисија, Маргаритис Шинас, главен претставник на мигрантите во Европа, побара од Хрватска да свика итен состанок на министрите за внатрешни работи на ЕУ.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 март, 2020 10:57

Сириски мигранти: „Ни нудат пари за да се преселиме во ЕУ и потоа настануваат проблеми“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Целиот притисок кој Ердоган го врши врз ЕУ и членките на НАТО е да ја добие нивната поддршка за своите воени операции во Сирија.

Потпретседателот на Европската комисија, Маргаритис Шинас, главен претставник на мигрантите во Европа, побара од Хрватска да свика итен состанок на министрите за внатрешни работи на ЕУ.

Шинас му се обратил на хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ за да побара итна министерска средба, додавајќи дека се консултирал со претседателот на ЕК Урсула фон дер Лејен и со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, откако турскиот претседател Ердоган ја уценувал ЕУ во десетици илјади мигранти затоа што тој не доби поддршка за неговата воена операција во Идлиб.

Сириските мигранти велат дека им биле нудени пари за да мигрираат во ЕУ…

Илјадници мигранти се собраа на граничниот премин Кастијанс, а околу 500 грчки војници и полиција пукаа со солзавец за да го спречат влегувањето од Турција во Грција. Неколку километри подалеку, стотици бегалци и мигранти успеаја да влезат во северна Грција, откако во зори ја преминаа реката Еврос. Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу рече дека 76.358 мигранти ја преминале границата во провинцијата Едирне до неделата наутро.

Грчкото Министерство за миграција објави дека грчката полиција спречила 9600 мигранти кои се обиделе да ја преминат границата. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.