Виски спаѓа помеѓу најдобрите лекови против болки. Но,внимавај те колку количина виски внесувате во организмот.

Објавил: admin@magazin | 6 февруари, 2022 10:34

“Сируп од виски” – ја лечи болката во грлото

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Настинката знае да биде многу здодевна, а многу од луѓето веднаш посегнуваат по лекови. Упорната кивавица и болка во грлото може да ги излечите и по природен пат, а овој рецепт многу ќе ви помогне.

Според една статија од магазинот „Time“, објавена во 1941 година, вискито е еден од најевтините и најдобрите лекови против болки што му се познати на човештвото.
Во оваа статија, двајца доктори тврдат дека мала количина од овој алкохолен пијалак може да ја намали болката за 45% за само два часа.

Овој едноставен рецепт со мед ќе му помогне на грлото и е вистински природен разредувач на слузта во белите дробови.
Но,треба да бидете претпазливи бидејќи може да дехидрирате од премногу виски, а тоа никако не ви треба, особено кога сте болни.

Виски означува категорија жестоки алкохолни пијалаци, кои се дестилирани од житарици и чувани во дабови бочви. Во зависност од употребата на житариците, варира и видот на вискито. Во најмногу користени спаѓаат: јачмен, мелен јачмен, ‘рж, мелен ‘рж, пченица, пченка или овес. Освен според житариците, видовите виски варираат и според алкохолната содржина и квалитетот. 

Потребни состојки:

0,5 децилитри виски
половина лимон
една чаша вода (по желба)
1 лажица мед

Начин на подготовка:

Измешајте виски, лимонов сок и вода (ако ја користите) и загрејте ја напивката во микробранова или на шпорет.
Тргнете го сирупот од рингла и додајте мед.
Измешајте, па повторно ставете го да се грее.
Немојте да ги пиете сирупот премногу топол. Најдобро е да биде на собна температура.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.