Поранешниот уставен судија и претседател на Уставниот суд на Македонија, Ивановски, работниот век го поминал работејќи по Уставот на Република Македонија, но не Северна

Објавил: Мирко Бачиќ | 5 ноември, 2018 5:51

Сите амандмани имаат една цел, промена на името

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Трите амандмани на уставот се во функција на првиот амандман за промена на името, односно за замена на Република Македонија со Република Северна Македонија.

Првиот амандман, пак, е помирување со сите и со самите себе.

Вака поранешниот уставен судија Трендафил Ивановски ги оценува владините нацрт-амандмани на уставот, што беа поднесени во петокот.  Вели дека тие се нешто што мора да се прифати за да бидеме прифатени, логичен редослед на нештата, реален одраз на сите случувања во последниот период.

Единствено доградувањето на Преамбулата со Охридскиот рамковен договор, според него, не беше неопходно.

Ивановски очекувам во оваа фаза амандманите да се надградат и допрецизираат, особено со барањата на новата пратеничка група што гласаше за уставни измени. Голем дел од овие барања вели дека не се уставно-правни прашања, но преку актот за прогласување на Уставот ќе бидат опфатени и тие.

Во првиот амандман на нацрт измените што вчера беа доставени до Собранието, зборот Македонија сегде во Уставот се заменува со Северна Македонија, освен во членот 36, во кој се вели дека, Републиката им гарантира посебни социјални права на борците од Антифашистичката војна и од сите националноослободителни војни на Македонија.

Во третиот амандман се додава само еден став, а тоа е Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави, додека во четвртиот амандман, покрај потврдување на македонскиот идентитет, стои дека Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината.

Во Преамбулата одлуките на АСНОМ се заменуваат со Прогласот од Првото заседание на АСНОМ и се додава Охридскиот рамковен договор да како  конститутивен елемент на државата.

Пленарната седница за нацрт амандманите е закажана на 1 декември, додека седницата на собраниската Комисија за уставни прашања ќе ја започне својата работа на 7 ноември.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести