Иако многумина го критикуваа албанскиот премиер сепак градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески по примерот на Рама, на официјален настан се појави во црни панталони, црно сако и патики „Адидас“ што укажува на тоа дека му се допаднал стајлингот на албанскиот премиер.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 ноември, 2019 19:51

Сите го критикуваа но нему му се допадна- Градоначалникот на Охрид со стајлинг како Еди Рама

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото Охрид 24

Откако албанскиот премиер Еди Рама повторно предизвика смеење со својот стајлинг и ги запали социјалните мрежи каде корисниците го коментираат неговиот специфичен вкус кога станува збор за модата, изгледа сепак градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески смета дека тоа е сосема шик.

Градоначалникот на Охрид по примерот на Еди Рама (фото охрид 24)

Иако многумина го критикуваа албанскиот премиер сепак градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески по примерот на Рама, на официјален настан се појави во црни панталони, црно сако и патики „Адидас“ што укажува на тоа дека му се допаднал стајлингот на албанскиот премиер.

Рама веќе е познат по својот необичен стајлинг но ова е доказ дека тој е голем љубител на спортската елеганција. 

Рама веќе е познат по својот необичен стајлинг но ова е доказ дека тој е голем љубител на спортската елеганција. 

Албанскиот премиер повторно со необичен стајлинг

Имено албанскиот премиер на вчерашниот состанок во Охрид на кој присуствуваа претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Македонија Зоран Заев се појави во црно класично одело, црвена вратоврска, но она што им го привлече вниманието на многумина, беа црните патики од брендот Адидас, и секако во истиот момент стана вистински хит на социјалните мрежи.

Ова не е прв пат Еди Рама да се појави со ваков необичен стајлинг. Тој на многу важни настани тој се појавувал облечен во патики, панталони кои наликуваат на тренирки со бренд Адидас, но знае да изненади и необични дезени на вратоврски.

Повеќе пати на значајни настани беше во центар на вниманието поради комбинацијата со одело и бели патики.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.