Македонија 🇲🇰 вечерва од 20:45 на Националната арена “Тодор Проески” против Грузија во натпревар од #NationsLeague!
Репрезентацијата на Македонија денеска од 20.45 часот против Грузија на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје ќе го игра натпреварот од четвртото коло во Лигата на нации, поточно Лигата „Ц“. Главен судија е Бартон Франковски од Полска.
Неодамна македонската фудбалска репрезентација го победи Косово со 2:1 во полуфиналето на плеј-офот на Лигата на нации и дојде на чекор до својот прв пласман на европските првенства.
Македонија поведе на празната арена „Тодор Проески“ во 16. минута, откако Колољи ја сврте топката во сопствената мрежа по ударот на Ристовски.
Косово доби подарок во 29. минута, кога по големата грешка на голманот Димитриевски и Несторовски, Хадерѓонај погоди за 1:1, но само четири минути подоцна, Велковски постигна гол, што се покажа и победнички.
Лига на нации
Лига „Ц“, 4. коло – двојки
Денеска 20.45 часот Македонија-Грузија
Денеска 20.45 часот Естонија-Ерменија
Табела: Македонија 5 бодови, Грузија 5, Ерменија 4, Естонија 1.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.