Стравувам дека вистинските намери да бидат извалкани сите овие споменати и евентуални нови жртви во оваа афера не можат да бидат објавени.

Објавил: admin@magazin | 3 август, 2019 12:07

Сите невини, кутри жртви на Боки 13!

Фото/Текст извор: ©нова

Во целата сага за наводниот рекет на Боки 13, имате неколку нивоа на паднати невини жртви и воедно, принесувања на олтарот на неколку жртвени јарци.

Велам наводен рекет, затоа што досега ништо не е докажано, ниту потврдено, ниту пак докрај истражено, што остава само простор за огромен сомнеж дека во позадината се кријат други, подземни мотиви.

Се говори дека се работи за извесни нечисти, мрачни сили кои се замешале, туркајќи ја земјава во политички и економски бездни, но на ум не ги имам евро-атланските и европските интеграции, ниту пак уништувањето на прогресивната сила на СДСМ – Зоран Заев.

Не, не се работи воопшто за тоа.
Се работи за сосема поклучни и стратешки цели кон кои бил насочен ударот – најважната, за која се говори тивко, од уво на уво, не смее воопшто да се изговори, ниту пак соопшти јавно и затоа ќе мора да се премолчи, се додека не се обелодени конечното уништување на земјава.

Во исто време, најголемите жртви се одамна познати невини лица – Боки 13 и Зоки Кичеец, кои во моментот се во притвор, но се надевам, со можност брзо да закрепнат од подземните удари на непознатите сили, и конечно да бидат пуштени на слобода да дејствуваат и понатаму, како и досега, за доброто на оваа вечна, неуништлива земја.

Втората жртва на смислените подметнувања е секако специјалната обвинителка Катица Јанева, чие име несомнено се злоупотребувало, но ниту таа, ниту пак некој друг, не може во целост да дојде до конечни сознанија – кои се тие лица и со каква корист се здобиле.

Што веројатно е најдобро, да не се открие ништо, ниту пак да се истражува, затоа што само така може и понатаму жртвите да го добиваат статусот на херои – најмногу заради јунаштвото што не подлегнале на притисоците да проговорат.
Третата жртва е сведокот – Орце Камчев, кому му биле барани пари, милиони и милиони евра, а претпоставувам дека единствената цел била прагматична – за да не биде и понатаму невино гонет од втората жртва, Катица Јанева.
Таа пак, исто така била нечија жртва и несвесно и без видлива рационалност гонела луѓе, онака како што и било наложувано од некои непознати лица, за кои претпоставките се дека исто така биле жртви на некои повисоки, многу помрачни сили.
Во целата приказна имињата на Кирацовски и Ременски се намерно смислени, без воопшто да се приложат валидни аргументи и докази, со што, без дилеми, можат веднаш да бидат прогласени за жртви без дискусија.

Тврдењата за новите жртви го пополнуваат името на жената која подигнала 750.000 евра – Лилјана Тодоровска, на која, како што таа тврди, веднаш, пред излезот на банката, и биле зграпчени парите од Јасна Мандиќ, следната жртва на овој заговор.
Последните имиња на жртвениот круг, кој не е целосно заокружен, се: бизнисменот Силјан Мицевски, кој ги дал тие 750.000 евра, кој пак, веројатно е жртва на сопственото богатство, а тука не мислам само на финансиско, се разбира.

Следни жртви се поранешниот министер за транспорт Горан Сугарески, градоначалникот Стефан Богоев и премиерот Зоран Заев – кои потпишувале или само договорале Меморандуми за соработка со веќе споменатите жртви Боки 13 и Јасна Мандиќ.

Тие претпоставувам дека биле жртви на својата добрина и елементарна човечка милост – како политичари на кои им е даден мандат да располагаат со парите на граѓаните, да договараат давање на пари без да проверат финансиска и друга историја – пред се на жртвите Боки 13 и Мандиќ, како раководители на Меѓународниот сојуз, кој пак, верувам, има почесно место во жртвената приказна, еднакво како и самата телевизија 1ТВ.

Стравувам дека вистинските намери да бидат извалкани сите овие споменати и евентуални нови жртви во оваа афера не можат да бидат објавени.

Имам сила само да ја приложам сликата, засега, а развојот на настаните може да отвори нови врати и нови искушенија за конечната вистина за Македонија и неуништливата македонска нација.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...