Сите освен Катица Јанева ќе се вратат во матичните обвинителства, само ОЈО Гевгелија ќе остане со еден обвинител помалку, бидејќи Советот ја разреши Јанева, која дојде токму од ова обвинителство.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 септември, 2019 10:43

Сите обвинители од СЈО се враќаат во матичните обвинителства, само Катица останува во Шутка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото СДК

Советот на јавни обвинители денеска формално треба да ја донесе одлуката, сите обвинители од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), кои овие години беа помошници на разрешената Специјална обвинителка Катица Јанева, ќе бидат вратени на местата од каде што беа избрани, пишува Сакам Да Кажам.

СЈО е формирано на 15 септември 2015 со усвојувањето на Законот за формирање на ова обвинителство и со изборот на Катица Јанева за Специјален јавен обвинител од страна на Советот на јавни обвинители на РМ. СЈО има мандат од пет години, кој може да се продолжува со двотретинско мнозинство во Собранието. Неговата главна задача е да ги истражува и гони можните злоупотреби кои произлегуваат од прислушкуваните материјали во периодот од 2009 до 2015 година. 

СЈО е формирано на 15 септември 2015 со усвојувањето на Законот за формирање на ова обвинителство и со изборот на Катица Јанева за Специјален јавен обвинител од страна на Советот на јавни обвинители на РМ, што значи дека веќе три ипол години работните места на обвинителите од СЈО мируваат. Обвинителите Ленче Ристоска, Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски, Трајче Пеливанов и Артан Ајро треба да се вратат во Основното јавно обвинителство Скопје, Лиле Стефанова во ОЈО за организиран криминал, Бурим Рустеми и Љубомир Лапе во ОЈО Куманово, Елизабета Јосифовска во ОЈО Кичево, Стевчо Донев во ОЈО Кочани.

Сите освен Катица Јанева ќе се вратат во матичните обвинителства, само ОЈО Гевгелија ќе остане со еден обвинител помалку, бидејќи Советот ја разреши Јанева, која дојде токму од ова обвинителство. Јанева беше разрешена за нестручно и несовесно работење, а притворена е за злоупотреба на службената положба и овластувањата во истрагата „Рекет“, што ја води Обвинителството за организиран криминал и корупција.
Државниот обвинител Љубомир Јовески на 13 септември за натамошното функционирање на помошниците на Јанева изјави дека функциите на сите обвинители од СЈО мируваат:

„Сите обвинители кои се во СЈО, односно полномошници на Специјалниот обвинител, нивните функции од обвинителствата од кои дошле мируваат. Имаат такви решенија и прашањето за извршување на нивна функција е во надлежност на Советот на јавни обвинители и очекувам Советот на јавни обвинители во најскоро време да го реши нивниот статус“.

СЈО досега има отворено десетици истраги и подигнато обвиненија против бројни политичари и државни функционери. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести