Обвинителката Фатиме Фетаи веднаш по завршување на рочиштето ја напушти судницата, без да ислуша што сакаше да каже Азири.

Објавил: Владо Марин | 23 февруари, 2021 15:14

Сите осудени за „Монструм“, веднаш ќе се носат во затвор

Фото/Текст извор: ©a1 on

На сите осудени во случајот „Монструм“, Кривичниот суд им одреди притвор и тие веднаш ќе бидат спроведени во затвор. Судиите го одобрија барањето на Обвинителството односно обвинителката Фатиме Фетаи поради опасност од бегство.

„Обвинетите Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ , Хаки и Фејзи Азири им се определува мерка притвор, по објавување на пресудата, до отпочнување на казна затвор односно правосилноста на пресудата“, рече судијата Огнен Ставрев.

На ова бурно изреагира осудениот Фејзи Азири кој рече: „Не ви е срам како судија да ги лажете родителите на децата дека ќе им ја кажете вистината, а сега донесовте друга одлука?“.

Обвинителката Фатиме Фетаи веднаш по завршување на рочиштето ја напушти судницата, без да ислуша што сакаше да каже Азири.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.