Верници од целиот свет пристигнаа во Скопје да го проследат овој историски настан, а сите активности од посетата на папата Франциск денеска во живо беа пренесувани на Ватикан њуз.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 мај, 2019 18:11

Сите очи вперени кон Скопје: Над 300 новинари од светот пренесуваат за посетата на папата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк ФОТО: Слободна Европа

Денешната посета на папата Франциск во Скопје ја следеше целиот свет.

Верници од целиот свет пристигнаа во Скопје да го проследат овој историски настан, а сите активности од посетата на папата Франциск денеска во живо беа пренесувани на Ватикан њуз.

Беа пренесени и фотографии и изјавите од страна на официјалната медија мрежа на Светата столица.

Сите информации за посетата на папата на Македонија, се објавуваат и на македонски јазик, а преносот оди и на Јутјуб каналот на Ватикан њуз.

Верници од целиот свет допатуваа во Скопје за да ја проследат мисата на Папата Франциск ФОТО: СДК

За време на мисата на плоштадот Македонија, можеа да се забележат знамиња од целиот свет.

Хрватски, словенечки и српски знамиња, како и националните обележја на Албанија, Бразил, Полска, Франција, Венецуела. Граѓаните од целиот свет дојдоа со една цел, да ја проследат мисата на Поглаварот на Римокатоличката црква, но може да се одвојат гостите од Хрватска и од Словенија како најбројни.

Над 300 новинарски екипи од целиот свет пристигнаа во Македонија, што значи дека оваа посета на папата, предизвика голем интерес во светот и буквално сите очи денеска бе вперени во Скопје.

Според информациите посетата на папата Франциск ја следеле 300 акредитирани новинари и за нив е обезбеден медија центар со тв студио, како и простор за известување на сите активности на Папата.

Посетата на папата Франциск наиде на голем одзив во српските медиуми, кои во детали ја пренесуваат во своите ударни термини и на насловните страници.

Папата Франциск беше поздравен со извиците „вива папа“, „Христос воскрес“ на што присутните одговараа со „ваистину воскрес“ и „бог те сака“.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести