Сообраќајот на државнита патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози. Снег врне на Попова Шапка, во Крушево, Маврово и на планинските превои Стража, Ѓавато и Пресека.

Објавил: Весна Петровска | 13 јануари, 2020 16:59

СИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН КРУШЕВО: Вистинска зимска бајка – ДЕЦАТА УЖИВААТ!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Поради снегот, Крушево во изминатиов викенд беше исполнето со туристи и посетители од сите возрасти. Посетителите поминаа убави денови, а некои ќе го продолжат престојот на падините на скијачките терени, во угостителските објекти и во прошетките во околината.

Локалните власти на Крушево се убедени дека ги подобруваат условите за престојот на гостите и им нудат повеќе содржини за рекреација. Сметаат дека во новогодишните, божикните празници и со деновите на училишниот распуст, го привлекуваат вниманието на посетителите. Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, очекувањата се за успешна не само зимска, туку и рекреативна сезона во текот на целата година.

Снегот во Крушево донесе дополнителни посетители

– Особено охрабрува што лани имавме зголемен број на посетители и туристи за повеќе од 13 проценти во споредба со претходната година. Тоа е охрабрување да очекуваме успешна туристичка 2020 година, вели Христоски.

Сообраќајот на државнита патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози. Снег врне на Попова Шапка, во Крушево, Маврово и на планинските превои Стража, Ѓавато и Пресека.

ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.