Кај верниците овој манастир уште е познат и под името „Српски Острог“. Често пати верниците се во недоумица за тоа дали манастирот припаѓа на Србија или Црна Гора, со оглед дека се наоѓа на границата на двете држави.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 ноември, 2019 22:27

Сите чуда на Српскиот Острог: За чудата на манастирот говорат монахињите, помогнал на православни и муслимани

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Сигурно до сега сте слушнале за манастирот Куманица а кај народот е познат по божјите чуда што се случиле во него. Овој манастир е негуван и посетуван како од христијанските така и од страна на неправославните народи.

Кај верниците овој манастир уште е познат и под името „Српски Острог“. Често пати верниците се во недоумица за тоа дали манастирот припаѓа на Србија или Црна Гора, со оглед дека се наоѓа на границата на двете држави.

Овој манастир е широко познат по лековитите чуда што се случиле во него, но и по обожавањето од страна на неправославните народи.

Според преданијата манастирот настанал откако српскиот благородник што бегал од Турците, го оставил својот богат имот на своите кумови па тие подоцна на тоа место го изградиле овој манастир кој примамува многу верници од целиот Балкан.

Според една друга легенда манастирот го подигнал Свети Григориј, уште кон крајот на 13-ти и почетокот на 14 век, а негоите мошти се одмараат и се закопани токму во овој манастир Куманица. Се верува дека Свети Григориј бил српски просветител и архиепископ, но и дека припаѓал на лозата на Немањаќ.

 

Според калуѓерките од овој манастир со години  луѓето доаѓаат кај нив да се лекуваат, а заздравувањето е секогаш сигурно.

Иако на овој манастир му се закануваше рушење од темел во периодот кога се градеше железничката пруга Белград- Бар, сепак поради многубројните верници и поради легендарните приказни манастирот остана на свое место и денес може се упатат верниците и да се помолат за здравје, мир и среќа а пругите поминуваат покрај него.

Според раскажувањата на верниците многу парови кои немаат деца благодарение на овој манастир успеале да добијат свое чедо. Според легендите Св. Григориј има исцелителната моќ, прави чуда и помага само на оние кои со искрено срце ќе се помолат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.