Почит за Глигоров, Андов, Кљусев, Гошев, Алити, пратениците од првиот состав на Собранието, а најмногу за граѓаните на Република Македонија за мудро и мирно извојуваната независност, легално и легитимно.

Објавил: admin@magazin | 8 септември, 2019 11:19

СИЉАНОВСКА: “Не ги препознавам ниту боите, нити името на МАКЕДОНСКАТА РЕПУБЛИКА”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Професорката по уставно прави Гордана Сиљановска Давкова, која беше претседателски кандидат од ВМРО ДПМНЕ нема да оди на„Школка“ во Градскиот парк во Скопје каде што денска ќе се одржи прославата на 8 Септември, Денот на независноста на Македонија.

Да ни е вечен „ 8-МИ Септември“, Денот на Суверена и Независна Република Македонија!

Почит за Глигоров, Андов, Кљусев, Гошев, Алити, пратениците од првиот состав на Собранието, а најмногу за граѓаните на Република Македонија за мудро и мирно извојуваната независност, легално и легитимно.

Пост референдумската радост на плоштадот Македонија и денес ме вознемирува до солзи со јасната порака: „Ние, НАРОДОТ “ Републиката за која генерации Македонци сонувале, се бореле и умирале, блесна во традиционалното свечено, црвено-црно-жолто руво. „8-ми“ Септември е неизбришлив дел од мојот, од нашиот, македонски идентитет без разлика дали сме тука или надвор!

Жал ми е што не можам да дојдам на „Школка“, но не ги препознавам ниту боите, нити името на МАКЕДОНСКАТА РЕПУБЛИКА, напиша Сиљановска на социјалните мрежи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.