Обвинителството веќе има некои сознанија од каде потекнува објавената копија, бидејќи „тој спис бил залепен на предмет“!

Објавил: Перо Милчин | 24 август, 2019 13:59

СКАНДАЛИ СЕ НИЖАТ: Дел од објавеното во медиумите го нема во сведочењето на Камчев!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Дел од содржината на записникот од сведочењето на бизнисменот Јордан Камчев, кој го објави порталот „Инфомакс“ а потоа го презедоа повеќе медиуми, „ниту ги има во записникот, ниту пак произлегуваат од содржината на записникот“ тврди за Алсат добро упатен извор од јавното обвинителство.

Ставот е директен одговор на прашањето- дали се точни наводите дека во записникот од сведочењето на Камчев се инкриминира и премиерот Зоран Заев и други политичари, како што објавија дел медиумите, а што не може да се види од единствената страница која е објавена од записникот.

Алсат дознава и дека обвинителството веќе има некои сознанија од каде потекнува објавената копија, бидејќи „тој спис бил залепен на предмет“, што може да го донесе обвинителството до факт од каде е копиран или преснимен записникот.

Во исказот на Орце Камчев во обвинителство што вчера го објавува порталот Инфомакс.мк ја откри целата виcтинa за случајот „Рекет“.

Во исказот Камчев посочи многу имиња и настани кои освен што се шокирачки за јавноста ќе предизвикаат немир кај голем дел од луѓето чии имиња и претходно беа индицирани како дел од аферата.

Исказот открива и дек голем дел од исказите за случајот од највисоките функционери биле лажни или извитоперувани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.