Мицкоски сигурен во победата на Силјановска Давкова

Објавил: admin@magazin | 26 март, 2019 20:30

Скандалозно: Заев не сака да признае дека Македонците во Грција зборуваат на македонски јазик

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Премиерот Зоран Заев не сакаше јавно да признае дека во Северот на Грција, Македонците говорат на македонски јазик. Во дуелот на емисијата „Само вистина“, помеѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го праша Зоран Заев како говорат Македонците во Грција.

Заев само одговори дека го почитува Уставот на Грција.

„Во духот на договорот, Грција е таа која што треба да се изјасни за грчкиот народ, заради тоа што тоа се граѓани на Грција. И треба да се изјаснат“, рече Заев.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ исто така ги осуди настаните на 27-ми април, но рече дека казните не се праведни и дека помали казни добиле повратници од ИСИС.

„ Апсолутно јасна е тенденцијата и на судијката и на јавната обвинителка и тука нема никаква  дилема. Важно е дали ние во оваа држава  сакаме суштински реформи во судството каде што политичките елити наместо да кажуваат дека сте потенцијал за врвен криминал да стравуваат и да се тресат од тоа какви обвинители и какви судии имаме. Дали сакаме таков принцип на реформи или сакам е да фингираме реформи. Ако сакаме да фингираме реформи еве вака ќе си ги мачкаме очите и ќе кажуваме ние сме за ова, вие сте за ова ќе си славиме по плоштадите со 30 до 40 луѓе и ќе си помине време. Ние сме за суштински реформи во судството каде политичките елити ќе стравуваат буквално од секоја реченица која што ќе биде изустена од обвинителите и судиите кои што ќе имаат личен интегритет, професионален интегритет и ќе бидат вистински заштитници на законите, рече Мицкоски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ сака и се бори за вистински реформи во македонското судство во кое што судиите ќе имаат личен и професионален интегритет и ќе бидат вистински заштитници на законит, наместо фингирано судство какво што е сега во време на СДСМ и Заев.

Заев, на тема право и закон за СЈО, премиерот Заев директно го праша опозицискиот лидер дали повторно ќе ја блокираат државата.

-Мора да одговорите, дали повторно сте подготвени да ја блокирате нашата заедничка земја да не отвори поглавја. Со вашето однесување гледаме дека повторно се обидувате да ја избегнете одговорноста на опозицијата. Ако сме за НАТО и ЕУ реално треба да ги подржиме процесите. Но очигледно, вие сте против НАТО и против ЕУ. Почесно е да го кажете вашиот став дека сте против НАТО и ЕУ наместо да измислувате банални причини и аргументи за блокирањето на државата, посочи Заев.

Заев на крајот на дуелот рече дека ќе прифати Предвремени парламентарни избори доколку на Претседателските избори нивниот кандидат Стево Пендаровси загуби и ако опозицијата го побара тоа.

На прашањето пак на Заев, дали Мицкоски ќе замине од лидерската позиција на ВМРО-ДПМНЕ ако Силјановска Давкова не победи, Мицкоски само одговори дека е сигурен во нејзината победа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.