Првото судско рочиште е закажано за 21 октомври во Кривичниот суд, кога Јовановски ќе треба да седне на обвинителна клупа, каде што ќе му се суди за кривичното дело „Тешка телесна повреда“

Објавил: admin@magazin | 27 септември, 2019 11:12

СКАНДАЛОЗНО СЕМЕЈСТВО: На татко му на Боки 13 ќе му се суди за физички напад!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Сопственикот на 1ТВ и татко на Боки 13 Миле Јовановски, наскоро ќе му се суди за напад на свештеникот Виктор Стојчев на кого му скрши нога.

На 21 октомври во Кривичниот суд е закажано првото судско рочиште, кога Миле Јовановски ќе треба да седне на обвинителна клупа, каде што ќе му се суди за кривичното дело „Тешка телесна повреда“ од член 131 став 1 од Кривичниот Законик.

Нападот на свештеникот се случил на 7 јануари 2017 година, по што Стојчев поднел кривична пријава против Јовановски. 

Телевизија Алфа објави шокантно видео од нападот на Боки 13 односно Бојан Јовановски и неговиот татко Миле врз поп на МПЦ. Во видеото се гледа како таткото Миле и Боки 13 вршат вербални и физички напади врз свештеник кој се обидува да влезе во својот дом.

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, се наоѓа во притвор по барање на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. 

Притворот, како што соопшти обвинителката Вилма Русковска, е определен по сите три основи: опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност за повторување на делото.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.