Од МРТ2 изјавуваат дека уредникот на спортската редакција Адеми моментално нема да се соочи со никаква казна

Објавил: Перо Милчин | 13 јануари, 2019 16:30

СКАНДАЛ : Албанската редакција на МРТ2, го бојкотира Стојанче Стоилов !

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Уредникот на спортската редакција на Македонската радио телевизија Мустафа Адеми, во преносот од мечот Македонија-Јапонија го нарекуваше капитенот на Вардар Стојанче Стоилов „играчот со бројот пет“ не сакајќи да му го изговори името и презимето на Македонскиот шампион во ракомет.

За овој непрофесионален однос кон Стоилов следува, откако тој ја напушти манифестацијата „Спортист на годината“ поради двојазичниот говор што го слушна, и сега на најнизок и највалкан начин, се обидуваат да му се одмаздат на Македонскиот шампион во ракомет.

Од МРТ2 изјавуваат дека уредникот на спортската редакција Адеми моментално нема да сноси со никаква казна и дека поддршка добива и од главниот и одговорен уредник на телевизијата, Мигена Горенца. Уредничката на албанската редакција во националниот сервис за „sport1.mk“ изјави дека Адеми ја има нејзината поддршка.

„Ако мислевте дека нема да има реакција од албанските спортски новинари на потегот на Стоилов, кој реши да напушти официјална манифестација зашто не му се допаѓало да го слуша албанскиот јазик од бината, тогаш многу грешите. Лично мислам дека не треба да има поделби на наши и ваши, но како главен и одговорен уредник на МТВ2 стојам позади мојот новинар. Акцијата носи реакција, кратко и јасно кажано“, изјави Горенца.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија...