Формулацијата „празник на словенското писмо“, според Обединети патриоти, била измислена од Комунистичката партија на Бугарија пред 30 години.

Објавил: Македонка Димкин | 10 декември, 2020 11:14

СКАНДАЛ: Бугарите мува не ги лази, Словенското писмо го преименуваа во ден на Бугарската Азбука!

Фото/Текст извор: ©БГНЕС

Бугарските социјалисти се спротиставиле на преименувањето, со образложение дека Законот за работни односи не е место за решавање на историски спорови
Бугарскиот парламент дефинитивно го прекрсти националниот празник 24 Мај.

Со измените на Законот за работни односи, во текот на вчерашниот ден, кои добија поддршка од ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов, како и од Обединети патриоти, празникот, од Ден на бугарското образование, култура и словенско писмо се преименува во Ден на светите браќа Кирил и Методиј, за бугарската азбука, образование и култура и за словенската литература, објави БГНЕС.

Георги Гоков од БСП се спротивстави на тоа, според кого Законот за работни односи не е место за решавање на историски спорови. Овој потег, како што рече, нема за цел да изгради национална самодоверба и патриотизам, туку да го одвлече вниманието на бугарското општество од сегашните проблеми, пренесува offnews.bg

Милен Михов од Обединетите патриоти ја спореди позицијата на БСП со изјавата на рускиот претседател Владимир Путин, во која тој рече дека словенското писмо дошло во Русија од македонските земји.

На 1 октомври бугарското Собрание со 73 гласа за, 4 против и 34 воздржани го усвои во прво читање, предлогот на коалицијата Обединети патриоти предводена од ВМРО-БНД на вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов, која е дел од Владата на Борисов, за преименување празникот 24 Мај.

Формулацијата „празник на словенското писмо“, според Обединети патриоти, била измислена од Комунистичката партија на Бугарија пред 30 години.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, тогаш, одговарајќи на новинарско прашање каков е ставот на Владата на ваквата одлука на бугарскиот парламент, рече дека мешовитата комисија има постигнато консензус и дефинитивен текст како да се интерпретира улогата и како да се одбележат заеднички меѓу двете држави и секое поместување од тоа што го работела Комисијата значи дека се минира целиот процес.Врз основа на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и на извештајот на Заедничкат

а мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, македонската Влада минатата година ја прифати сугестијата за заедничко чествување со Бугарија на св. Кирил и Методиј.

Гласањето во бугарскиот парламент е истиот ден кога специјалниот претставник на Владата Владо Бучковски беше во прва посета на Софија, чија цел е, како што изјавија на заедничката прес – конференција со бугарската министерка за надворешни работи Захариева, обвнова на нарушената доверба меѓу двете земји.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.