Откако главниот лекар ја напуштил болницата, се појавиле компликации и пациентот починал.

Објавил: Рејхан Бајрами | 10 мај, 2020 19:45

СКАНДАЛ ВО АВСТРИЈА: Хирург заминал за време на операцијата- пациентот починал!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Еден пациент починал на универзитетската клиника Кеплер во Линц поради непрофесионално однесување на главниот лекар, кој ја напуштил операцијата затоа што имал состанок во приватна канцеларија, пишува дневниот весник “Oberesterajhiše Nahrihten”.

За време на операцијата лекарот, кој го водел хируршкиот тим, му ја предал интервенцијата на колега во текот на критичната фаза и ја напуштил болницата.

Откако главниот лекар ја напуштил болницата, се појавиле компликации и пациентот починал.

За време на операцијата, Маж (77), кој со хеликоптер бил пренесен во болницата поради напрсната аорта, починал на среде операцијата.

Шефот на одделот за коронарна хирургија, Андреас Цирер, изјави дека не е вообичаено хируршка интервенција да се предаде на лекар-асистент за време на операцијата.

Тој најави дека ќе бидат проверени деталните околности на тоа предавање. Сепак, тој посочи дека стапката на смртност во вакви постапки е многу висока и изнесува од 15 до 20 проценти.

Директорот на болницата, Фердинанд Валденгер, посочи дека ќе се спроведе истрага и дека хирургот е суспендиран сè додека не се реши ситуацијата. Тој додаде дека во моментов нема индикации за професионална грешка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.