Палењето на знамето го спречиле мештаните кои во тоа време биле во близина на споменикот.

Објавил: Рејхан Бајрами | 21 ноември, 2020 10:31

СКАНДАЛ ВО ГРАЧАНИЦА НА ДЕНОТ КОГА ПОЧИНА СРПСКИОТ ПАТРИЈАРХ: Обид да се запали знамето на Србија

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Синоќа непознати лица запалија оган под јарболот со знамето на Србија во центарот на Грачаница, покрај споменикот на Милош Обилиќ.

Очевидци на настанот за РТС изјавија дека тројца непознати мажи го запреле автомобилот во близина на платото каде што е споменикот, посипале бензин околу јарболот и запалиле оган.

Палењето на знамето го спречиле мештаните кои во тоа време биле во близина на споменикот.

Полицијата излегла на лице место и отвори истрага.

Во Соборната црква во Белград, каде што е изложен ковчегот со телото на патријархот Иринеј, околу 9 часот започна погребната литургија!

Ковчегот се наоѓа во средината на храмот и е целосно затворен, а во горниот дел е покриен со стакло.

Литургијата ја служи митрополитот дабробосански Хризостом, со сослужение на епископот шумадиски Јован, крушевачкиот Давид и нишкиот Артемије.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...