За време на една телевизиска дискусија, д-р Жан-Пол Мира, главен медицински офицер во париската болница и д-р Камил Лаух, директор за истражување на Државниот институт Индерм, во емисија во живо предложија тестирање со вакцинирање на африканските популации.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 април, 2020 10:50

СКАНДАЛ ВО ЕМИСИЈА ВО ЖИВО: Француски доктори предложија вакцината за коронавирус да се тестира во Африка: ТОА ГО НАПРАВИВМЕ И СО СИДАТА!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк Kurir.rs/Logično

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејесус, роден во Етиопија, го нарече францускиот предлог „расистички“ и „остаток на колонијалниот менталитет“.

За време на една телевизиска дискусија, д-р Жан-Пол Мира, главен медицински офицер во париската болница и д-р Камил Лаух, директор за истражување на Државниот институт Индерм, во емисија во живо предложија тестирање со вакцинирање на африканските популации.

“Не постојат маски, нема можност за лечење, нема мерки за заживување, Жан-Пол Мира ја објасни „чистотата“ на можниот експеримент.

Француските лекари изразиле желба да тестираат лек против коронавирусот на луѓе во Африка, но на ова остро реагираше Светската здравствена организација (СЗО).

Д-р Лаух го поддржа, додавајќи дека треба да се направи тестирање во Европа или Австралија. Нивните зборови, за кои и двајцата научници веќе се извинија, предизвикаа критика. Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека изјавите на експертите не го одразуваат ставот на француските власти.

„Африка нема и не може да стане тест за вакцини“, истакна генералниот директор на Светската здравствена организација.

Но, контроверзноста на одговорот не заврши, додека ова не е став на Париз, француската амбасада во Јужна Африка мораше да одговори на изјавата „како шокирана од предлогот на двајцата врвни француски лекари да ја направат Африка џиновска лабораторија за тестирање на вакцини против коронавирус и покрај тоа што на континентот му недостасуваат ресурси да се одбранат од инфекција “.

„Ако можам да бидам провокативен, зарем не треба да го правиме ова истражување во Африка каде нема маски, нема третман и нема интензивна нега? Нешто слично како што сторивме со истражувањата за СИДА. Правевме експеримент на проститутки затоа што тие се многу изложени и тие не се заштитуваат “, рече д-р Мира.

Лаух се согласи, велејќи: „Во право си. Ние во Инсермо всушност размислуваме за паралелна студија во Африка која би го користела истиот пристап за решавање на вакцинацијата против туберкулоза, која се чинеше дека ги штити децата од инфекции, особено респираторни инфекции “.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.