Видеото кое кружи на социјалните мрежи во Швајцарија, се претвори во своевиден скандал.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 септември, 2019 16:10

Скандал ги запали социјалните мрежи: Швајцарски војници пеат албанска песна

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото алсат тв

Голем скандал ги запали социлајлните мрежи откако беше објавено видео на кое се гледаат швајцарски војници кои пејат албански песни.

Видеото кое кружи на социјалните мрежи во Швајцарија, се претвори во своевиден скандал.

Имено станува збор за видео на кое се гледа како за време на возење со автомобил, неколку швајцарски војници ја пеат албанската песна „Џамадани вија вија“, што според медиумите во Швајцарија е неофицијална химна на Албанците, пренесува Индексонлајн.

„Песната е за единство меѓу Албанија и Косово. Соединети со елекот, Џамадан. Песната е неофицијална химна на Албанците “, пишува весникот Blick.

Швајцарската армија започнала истрага за ова видео, а портпаролот на армијата Даниел Реист изјавил дека истрагата започнала, но сè уште нема информации за објавувањето на видеото.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.