Како што пишува Блиц повикувајќи се на дипломатски извори, Заев и Харадинај досега не остварувале средби само во улога на премиери, туку и поединечни состаноци на кои присуствувале и нивните браќа Вице Заев и Даут Харадинај.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 август, 2019 10:37

СКАНДАЛ: Заев и Хардинај основале заеднички црн фонд за плаќање на политичарите во ЕУ, договараат и Голема Албанија!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото лидер.мк

Претседателот на Влада на Република Северна Македонија Зоран Заев и поранешниот премиер на Косово Рамуш Харадинај се блиски соработници, имаат договор за контрола на работата во Македонија, но и за создавање на црни фондови кои треба да послужат за плаќање на политичарите, пишува српски Блиц.

Премиерот Зоран Заев и поранешниот премиер на Косово Рамуш Хардинај на насловната на Блиц

Како што пишува Блиц повикувајќи се на дипломатски извори, Заев и Харадинај досега не остварувале средби само во улога на премиери, туку и поединечни состаноци на кои присуствувале и нивните браќа Вице Заев и Даут Харадинај.

– Додека Харадинај бил премиер, договорено е создавање на црни фондови кои ќе служат за плаќање на политичари од Брисел, но и од Грција, за на секој можен начин да се ублажи стопирањето на патот на Македонија кон ЕУ и НАТО. Тоа е значајно и за Албанците кои држат дел од власта во Скопје. – кажува изворот на Блиц.

Како што наведува Блиц, во еден момент македонските власти добиле на подарок два милиони евра наменети за грчки политичари, а чија цел е низ ЕУ да зборуваат дека немаат ништо против Македонија во ЕУ.

– Диловите кои ги направија Харадинај и Заев не се поврзани само за бизнис, туку и за војската во Македонија и на Косово. Договорено е финансирање на македонски старешини од албанска националност да одат на Косово, а од другата страна да школуваат офицери на војската на Косово на акедмијата во Скопје. Дел од парите се префрлени преку поединечни фирми. – пишува Блиц.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести