Бидејќи од сега па натаму ние граѓаните од втор ред треба да најавуваме дека ќе го посетиме гробот на нашиот Војвода Гоце Делчев, со делегација од 500 Комити ќе го посетиме на 4 Мај.

Објавил: Перо Милчин | 4 февруари, 2019 17:08

СКАНДАЛ : Комитите спречени од полицијата од Заев, да положат цвеќе на гробот од Гоце Делчев

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Комитите денеска беа спречени да влезат пред гробот од Македонскиот револуционер Гоце Делчев, од бројно полициско обезбедување, сакајќи да положат свежо цвеќе.

Тие напишаа дека ова е прва година, како тие се спречени од полицијата и бројното полициско обезбедување, да не смеат да влезат внатре и положат цвеќе, поради странските делегации и високата Бугарска делегација. Тие им рекле дека морало да почекаат надвор за да нема инциденти.

Ова е соопштението кое тие го објавија на својата ФБ-страна:

Денес бевме во црквата Свети Спас да положиме цвеќе и да се поклониме на гробот на нашиот великан Гоце Делчев.
За разлика од сите изминати години денес бевме спречени пред влезот на црквата од бројно полициско обезбедување, со објаснување дека тука ќе престојуваат странски делегации и висока Бугарска делегација, ние треба да почекаме “за да немало инциденти”.
Ние не сме пропуштиле ниту една година да изразиме почит на истото место во исто време како на овој ден така и на 4 Мај, и досега никогаш не се случил ниту еден проблем ниту опструкција. Доаѓале и претходно странски делегации, амбасадори, политичари како и почитувачи на ликот и делото на Гоце Делчев, и секогаш со респект и воодушевување сме гледале кон сите нив бидејќи изразуваат почит кон револуционер, идеен деец и великан кој животот го дал за својата земја Македонија!

Комити застанати пред црквата Св.Спас од полиција и спречени да положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев поради бугарска делегација!

Прашуваме отворено зошто некој би имал индиции или сомневање дека оваа година би било поинаку, и зошто би имало инцидент со Бугарски политичари или делегација кои се поклонуваат на гробот на херој кој го посветил и на крајот положил животот за Македонија во нејзините природни историски и етнички граници?
Воедно бидејќи од сега па натаму ние граѓаните од втор ред треба да најавуваме специјално доколку сакаме да го посетиме гробот на нашиот Војвода Гоце Делчев, уште од сега уредно најавуваме делегација од 500 Комити за 4 Мај.
За крај, со цел да нема “инциденти” денес граѓаните од втор ред, беа приморани да си одберат 5 луѓе први да го положат цвеќето, и за 3 минути да ја напуштат црквата…
Слава ти хероју Македонски !!!
#МакедонијаНаМакедонците #ИметоНиЕИдентитетот

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија...