„Прегледите за на 7 мај се откажуваат. Ова е поради посетата на Папата и почитување на протоколот“, велат од „Мој термин“ за „А1он“.

Објавил: Рејхан Бајрами | 3 мај, 2019 19:26

СКАНДАЛ: Министерството ги откажа сите закажани прегледи во Клинички, поради доаѓањето на папата!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Како што пишува  А1он сите закажани термини за прегледи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ за 7-ми мај се откажани.

Оваа скандалозна одлука е донесена од страна на Министерството за здравство, а исто така ја потврдуваат и од „Мој термин“. Како причина за откажаните термини за прегледи во Клиничкиот центар, се наведува посетата на папата Франциск во Скопје, пишува А1он.

„Прегледите за на 7 мај се откажуваат. Ова е поради посетата на Папата и почитување на протоколот“, велат од „Мој термин“ за „А1он“.

Од „Мој Термин„ известуваат дека очекуваат официјално известување од министерот за здравство, а потоа ќе ги информираат пациентите, чии термини се откажани на 7- мај во Клиничкиот центар „Мајка Тереза„

Скопје интензивно брзо се подготвува за историската посета на папата Франциск, кој на 7 мај ќе пристигне во Скопје. На недоградените објекти од „Скопје 2014“ веќе се поставија бели платна. Работниците од град Скопје, на плоштадот секојдневно работат на поставување на бината, од која што папата во вторник ќе држи литургија за присутните. Просторот е ограден со бели огради.

Ова е прва историска посета на папата Франциск во Република  Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија...