По 13 години Битола домаќин на Македонската ракометна селекција за квалификации на ЕП, и повторно, скандал со продажбата на билети кои изреволтираа многумина битолчани

Објавил: Мирко Бачиќ | 26 октомври, 2018 6:34

Скандал: Над 1.000 битолчани гледаа ракомет на мобилни со полициска придружба

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По 13 години повторно Битола беше домаќин на македонската ракометна селекција во официјалн ЕХФ натпревар, овој против селекцијата на Турција, која ја победи во првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство со 31 : 27.

И повторно салата “Боро Чурлевски“ беше исполнета, а публика не само на столчињата туку, како во старите добро времиња за ракометот во Битола имаше на скалите, по оградите, а имаше можеби илјада кои беа отповеќе на трибините.

Но ни овој спортски настан не помина без скандал.

Битолчани останаа достојни на манифестирањето револт низ цинизам и сарказам, па постираа фотографии на социјалните мрежи, како со уредни билети ,гледаат ракомет на мобилен телефон пред спортската сала во Битола.

Имено во последен момент беше најавено дека ратите на спортската сала “Боро Чурлевски” за натпреварот Македонија – Турција ќе бидеат отворени во 18:00 часот, а ќе бидат затворени половина час пред почетокот на натпреварот во 19,45 часот.

Битолчани и гости од другите градови поитаа уредно да влезат во салата, но се соочија со обезбедувањето кое ја повика на интервенција и полицијата

Имено иако сите поседуваа уредни купени билети, чија цена чинеше 150 денари, на околу 1.000 битолчани им беше забрането да гледаат ракомет.

Неофицијално капацитетот на салата бил исполнет до максимум, со што се поставуваат прашањата:

Дали општинското раководство ( и партиско и она од локалната самоуправа) имаа уредни билети или поминаа “протоколарно”?

Дали организаторот, Ракометната федерација на Македонија во оптек пушти повеќе билети од максималниот капацитет на објектот?

Дали имаше фалсификувани билети поради кои граѓаните кои уредни ги поседуваа, извисија?

Реакциите на битолчани традиционално со доза на сарказам и цинизам беа проследени на социјалните мрежи, со фотографии како гледаат ракомет во “живо” на своите мобилни телефони или домашните ТВ уреди, држејќи ги во рака билетите за влез во салата.

Официјално од РГМ само известија дека голем број на љубители на ракометот останаа пред салата иако имаа купено влезници, а РФМ им се извини, а РК Пелистер на сите ним ќе им ги врати парите.

Битолчани револтирани констатираат дека не е се во парите туку во нивното достоинство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести