петок, 19 април 2024

MK/ EN/ DE



Од Владата за „Слободен печат“ велат дека корекциите ќе бидат завршени во зацртаниот временски рок, но не изнесуваат детали на кој начин ќе се извршат корекциите, како ќе се спречи јавната употреба на сонцето од Кутлеш и што сè е регистрирано како јавен простор и јавна употреба.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 јули, 2019 18:48

Скандал на повидок: Сонцето од Кутлеш за еден месец ќе биде забрането

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

По точно еден месец сонцето од Кутлеш, симболот на првото знаме на независна Македонија, повеќе нема да може да се види во јавна употреба, затоа што дотогаш ќе биде отстрането од јавниот простор, а сите споменици што упатуваат на античката елинска историја и цивилизација ќе бидат соодветно означени, согласно со Преспанскиот договор.

Sвезда од Кутлеш, Сонце од Кутлеш или Аргеадска ѕвезда — симбол на стилизирана ѕвезда или сонце со шеснаесет зраци и симбол на античките Македонци. Се среќва во разни древни остатоци, цркви и народни градби во земјата.

Од Владата за „Слободен печат“ велат дека корекциите ќе бидат завршени во зацртаниот временски рок, но не изнесуваат детали на кој начин ќе се извршат корекциите, како ќе се спречи јавната употреба на сонцето од Кутлеш и што сè е регистрирано како јавен простор и јавна употреба.

-На седницата одржана на 4 јули, Владата на Република Северна Македонија го задолжи Генералниот секретаријат да побара надлежните институции да достават информација за спомениците, јавните и другите инфраструктурни објекти чии имиња се дел од античката хеленска култура и цивилизација, во чија надлежност се тие во однос на поставувањето и одржувањето и кој е носител на авторските права, доколку станува збор за уметнички дела. Воедно, Владата го задолжи Генералниот секретаријат да побара надлежните институции да достават информација каде се користи или е вграден симболот на сонцето од Вергина во јавниот простор. Корективните дејства ќе бидат преземени по обезбедувањето на информациите, согласно со Преспанскиот договор и во зацртаниот временски рок, одговорија од Владата.

Уставните измени за промена на државното име беа изгласани на 11 јануари, стапија на сила на 12 февруари, а рокот за преименување на спомениците и за отстранување на сонцето од Кутлеш истекува на 12 август.

Целата анализа прочитајте ја на „Слободен печат“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.