Со ваков став е и македонскиот дипломатски синдикат кој жестоко го критикува раководството на МНР за спроведената изборна постапка за упатување дипломати на работа во дипломатско-конзуларни претставништва, објави Алфа.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 декември, 2019 9:25

СКАНДАЛ: Оџа од Дебар на списокот за амбасадори на Димитров

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера Телевизија Алфа објави дека министерот за надворешни работи ги крши законите и поставува амбасадори на своја рака кои немаат квалификации за таа функција односно се надвор од правилата на МНР.


Македонскиот дипломатски синдикат го критукува министерот Никола Димитров дека поставува амбасадори надвор од правилата на МНР, во погрешно време, преку политизација на изборот.

Со ваков став е и македонскиот дипломатски синдикат кој жестоко го критикува раководството на МНР за спроведената изборна постапка за упатување дипломати на работа во дипломатско-конзуларни претставништва, објави Алфа.

На само една недела пред формирањето на техничката Влада, беше извршен избор на 18 дипломати и 2 административци. Покрај сомневања дека упатувања во предизборен период се лесно подложни на политизација, Синдикатот е на мислење дека ваквата постапка е крајно непринципиелна, имајќи предвид дека пред само две години, во слична ситуација, со обратно поставени улоги, беше стопирано упатувањето во странство на веќе избрани дваесетина дипломати – велат од Дипломатскиот синдикат за телевизијата.

Претходно телевизијата објави дека некои од избраните амбасадори не одговараат на функцијата, односно имаат двојно државјанство, што е спротивно на Законот за надворешни работи.

Извори во Синдикатот пак, велат дека меѓу новоизбраните 18 амбасадори има и еден оџа од Дебар. Според изворот тој нема никаква врска со дипломатската служба, но сепак се подготвува за важна дипломатска мисија.

Оттаму порачуваат дека за доброто на македонската дипломатија, крајно време е да се престане со праксата на двоструки аршини и да се воспостават постојани правила на игра, без оглед на актуелната политичка коњуктура. Бараат трите процеси што упорно се туркаат во предизборниот период – донесувањето нов Закон за надворешни работи, упатувањето дипломати и упатувањето амбасадори – веднаш да запрат и да продолжат дури по парламентарните избори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.