Новоизмислените заменик директорски функции, како и нивните возачи и секретарки ќе треба да се платат од џебот на граѓаните, што ќе биде огромен товар на буџетот

Објавил: Данаил Михајловски | 27 декември, 2018 8:11

СКАНДАЛ: плус 50 заменици директори на државна цицка!

Фото/Текст извор: ©магазин

Пред неколку дена во разговор со Заев, генералниот секретар Кирацоски му рекол дека во државата нема толку функции, колку што им требаат за да се задоволат апетитите на коалиционите партнери, известуваат извори од СДСМ. Решение предложил Рашковски, владин секретар, кој рекол дека може со закон да се измислат заменички директорски функции и така да се удомат околу 50 партиски функционери на СДСМ и ДУИ.

Потоа следувала меѓупартиска средба на СДСМ со ДУИ, и поединечни средби со провладиниот дел од партијата БЕСА. Се направила листа на државни, јавни и локални претпријатија кои во својата структура немаат функција заменик директор, која најчесто е и непотребна. Листата била долга, околу 50 државни претпријатија немале функција заменик директор, како што се Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, Националниот парк Маврово, Нациналниот парк Галичица, ЈП ловиште “Јасен“, ЈП за водоснабдување “Студенчица“, ЈП за државни патишта и многу други.

Така Кирацоски договорил со Ејуп Алими од ДУИ дека таму каде што ДУИ има директор, ќе стават плус заменик од СДСМ, а таму каде сегашните директори се од СДСМ, ќе се постават нови заменик директори од ДУИ, од БЕСА или други помали партии, според коалиционен договор.На ваквото решение голема замерка имал Тевдовски, министерот за финансии, кој рекол дека тоа ќе значат нови трошоци со милиони евра бидејќи новите заменици директори ќе треба да имаат плата, пензиско осигурување, шофер, возило, секретарка, средства за репрезентација, патни трошоци и други расходи што ќе треба да се платат од буџетот, а на товар на граѓаните и стопанството. Но, противењето на Тевдовски не поминало.

Така СДСМ и ДУИ се договориле да предложат по скратена постапка брзо да се донесе нов закон со кој во сите јавни претпријатија директорите ќе добијат заменици, кои ќе раководат со претпријатието во отсуство на директорите. Но, Заев и Кирацоски дале наредба тој закон да се усвои итно од Собранието, за да може пред претседателските избори да се разделат новите функции на партиски кадри од СДСМ и ДУИ, и така да се добие и подобар резултат на изборите. Во досегашното законско решение во отсуство на директорот се определувал вработен кој раководел со претпријатието. Измените на Законот за јавни претпријатија е предлог на  владеачката коалиција, а потписници се пратениците Александар Кирацовски од СДСМ и Реџаил Исмаили од ДУИ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.