Деновиве на социјалните мрежи исплива видео каде што се гледа како Митко Јанчев ,  заедно со неговото друштво се исмеваат на религиозните обичаи и на православната вера.

Објавил: Македонка Димкин | 9 декември, 2020 11:20

СКАНДАЛ: Погледнете кој е Митко Јанчев, „човекот кој би сакал да го води ВМРО„!

Фото/Текст извор: ©фејбук / гугл

Деновиве на социјалните мрежи исплива видео каде што се гледа како Митко Јанчев ,  заедно со неговото друштво се исмеваат на религиозните обичаи и на православната вера.

Нема инфомации кога се случила собиранката од видеото, но судејки според тоа како присутните се облчени се претпоставува дека е направено во овој период. А ако е направено во овпој период значи дека граданочалникот на Кавадарци кој јавно го подржа Зоран Заев не ги почитува мерките за заштита од корона , каде се препорачува да нема „слави„ и собиранки.

Тоа што тој истиот Јанчев, го подржува исмевањето со обичаите на Македонската Православна Црква и пред се на БОГА, е шок за многумина кои во градоначалникот гледаа еден сериозен човек.

Но дали еден ваков човек може да биде сериозен политичар? Нели е тој јавна личност и не се претставува само себе си туку и оние кои него го гласале.

На видеото се гледа дека некој од присутните купил автомобил МЕРЦЕДЕС со бугарски таблици. Значи со „БУГАРСКИ ТАБЛИЦИ„ а во јавноста е познато зошто истите возат автомобили со бугарски таблици, бидејќи не сакаат да платат царина во Македонија. Дотичниот го исмејува реилигиозниот обичај да се освети објект. 

Се поставува прашањето до каде ќе оди ова изживување врз обичниот човек, и што е со истиот? Дали и тој може да купи скап автомобил и да го регистрира во Бугарија? И кој тоа може да регистириа автомобил во Бугарија и зошто? Тоа се тие кои имаат Фирми или пак се напишале дека се Бугари.

И на крај, дали се ова Македонци или пак случајни луѓе кои се нашле во Македонија? Дали е ова оној Македонец кој вреди за чесен и праведен а згора на тоа и родољубив. Само пред неполн еден месец, „Мите Кожувчанка„ наводно протестираше против Христијан Мицкоски  а во платената реклама кај Васко Ефтов дури и изјави дека тој ќе биде претседател на најголемата Македонска партија ВМРО-ДПМНЕ. 

Она што го забележа МАГАЗИН го забележаа сигурно и многу други, и одтука се поставува прашањето дали навистина на Македонецот му е сеедно и прифатил немо да гледа се и сешто од своите политичари, или пак е немоќен , угнетен и понижен за да реагира на вакви моќници кои се збогатија преку ноќ од народни пари

На многумина им е видеото смешно, но тоа всушност покажува еден апсурд од кој никако не сме излегле, а тоа е самоуништувањето…..

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Религија

Се верува дека историскиот, социјалниот и политичкиот подем на Русија на светската сцена дојде со нејзиното  пристигнување во Русија и затоа оваа држава има водечка улога во православниот свет.

ОВАА ИКОНА НА МАЈКА БОГОРОДИЦА ТРИ ПАТИ ЈА СПАСИЛА РУСИЈА: Таа е заштитник на Русите!!

Иконата на Богородица Владимирска е една од најпочитуваните и светите икони на Православната...