Дали со изборот на видни партиски членови се врши партизација на регулаторните тела ?

Објавил: Узунов Бобан | 29 јануари, 2019 8:53

СКАНДАЛ: Правниот застапник на СДСМ избран за член на Агенција за електронски комуникации ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Вчера Собранието на Република Македонија го изгласа адвокатот Стевица Јосифовски да биде еден од двајцата нови членови на Агенцијата за електронски комуникации. Дилемата која легитимно се поставува во јавноста е дали именувањето на правниот застапник на СДСМ е партизација на регулаторно и независно тело со оглед на тоа што според член 17 од Законот за електронски комуникации член на Комисијата не може да бидат лица кои извршуваат должности во органите и телата на политичките партии ? 

Исто така во документацијата јавно достапна на собранискиот сајт, освен професионалната биографија на Јосфивски нема никаква заверена изјава ниту потврда дека Јосифовски не врши никакви должности во органите и телата на СДСМ ?  

Јосифовски бил на позицијата директор на секторот за правни прашања на „Македонски телеком“, претседател на Здружението на правници на Македонија, стручен соработник во Основното јавно обвинителство во Гостивар. Од 2014 година кариерата ја продолжил како адвокат во адвокатската канцеларија „Милановиќ-Јосифовски“. Јосифовски бил и поранешен член на Комисијата за заштита на конкуренцијата, а јавноста го познава и како овластено лице на СДСМ при поднесувањето на приговорите до Државната изборна Комисија. 

Стевица Јосифовски на средба со премиерот Заев и други партиски претставници на мисијата на ОБСЕ во Скопје пред одржувањето на локалните избори во 2017 година. (фото либертас.мк)

Дополнително што треба да утврдат надлежните органи е дали именувањето на Стевица Јосифовски за член на Комисијата на АЕК има судир на интереси со оглед на тоа што тој претходно бил вработен како директор на сектор за правни прашања во “Македонски телеком”, компанија која врши дејност за која е надлежна Агенцијата за елекронски комуникации ?  

Исто така именувањето на Стевица Јосифовски за член на АЕК би било и од интерес на мисијата на Европската комисија во Скопје која се залага за независност на регулаторните тела и прашање е дали ова именување би се нашло и во Извештајот за напредокот на Македонија како што беше случајот со именувањето на Спасе Глигоров за директор на Агенцијата за администрација ?

Новопредложениот член на АЕК е од правниот комитет на СДСМ и беше овластено лице на Коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија при поднесувањето на приговорите до Државната изборна комисија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести