1200 евра месечен хонорар за амбасадорот Виктор Габер, по 1000 евра месечно за Проф. Људмил Спасов и за Доц.д-р Ана Чупеска!

Објавил: Данаил Михајловски | 15 ноември, 2019 9:57

СКАНДАЛ: Советникот на Димитров зема плата колку претседателот Пендаровски!

Фото/Текст извор: ©магазин

Кој како си ја наредил, толку пари ќе си лапне. Магазин дојде до документи кои укажуваат на тоа дека пензионерот Виктор Габер, советникот на министерот Никола Димитров, зема месечен хонорар од 1200 евра, плус има платен службен телефон, дневници за службени патувања, репрезентација за ручеци и други трошоци на државна сметка. Толкава плата зема и претседателот на државата Стево Пендаровски. МНР Димитров го потпишал договорот со поранешниот амбасадор Габер во октомври 2018 и го поставил за координатор на комитетот на Република Македонија за имплементација на Договорот од Преспа. Амбасадорот Габер ревносно си ја врши работата, за што сведочат изменетите сведителства со “Северна Македонија“, изводи од матичните книги, како и сите избрусени канализациони шахти во Скопје на кои до пред некое време беше аплицирано сонцето од Кутлеш, кое со потписот на Димитров стана ексклузивен грчки симбол, забранет во Македонија. Досега МНР на советникот Габер му има исплатено 15.000 евра, само на основ хонорар на неговата банкарска сметка.

Амбасадорот Габер со месечен хонорар од 1200 евра е на исто рамниште со платата на претседателот Пендаровски. Ваков висок хонар зема и советникот на Заев, г-н Љупчо Зафировски, за кого премиерот тврди дека има добри контакти со луѓе од кабинетот на францускиот претседател Макрон.

Но, амбасадорот Габер не е единствениот кој зема високи месечни хонорари од МНР. Министерот Димитров потпишал договори и со Проф. Људмил Спасов, со доцентот од правниот факултет Ана Чупеска, со Проф. Никос Чаушидис, како и со Проф. Фехари Рамадани од тетовскиот универзитет. Најголемиот дел од нив се активни членови на владеачката СДСМ. Магазин ги има овие договори и според нив се гледа дека ова се едни од најскапите советници кои што ги плаќаат даночните обврзници на Македонија.

Амбасадорот Виктор Габер е истакнат член на СДСМ и брат на директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер.

 

  • Амб. Виктор Габер (Пензионер, член на СДСМ) = 1.200 евра
  • Проф. Људмил Спасов (Филолошки факултет, СДСМ) = 1.000 евра
  • Доц. Ана Чупеска Станишковска (Правен факултет) = 1.000 евра
  • Проф. Никос Чаусшидис (Институт за археологија) = 1.000е
  • Проф. Фехари Рамадани (Универзитет Тетово, катедра за историја) = 1.000е

Досега МНР на сите членови од комисијата вкупно им има исплатено 63.000 евра само на име месечен хонорар, додека  дополнителните трошоци за телефони, трошоците за сместување при службени патувања, дневници за службени патувања, како и репрезентација за службени ручеци, веројатно се големи, но во моментов нема податоци за тој износ. Истовремено, треба да се напомене дека додека во Македонија се бришат сите траги од името Република Македонија во документите, изводите, патните знаци и се брише и придавката “македонски“ од насловите на државните установи, во Грција сеуште на патните знаци, но и во учебниците нашата држава е ословена како “Скопје“. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија...